Од утре и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.

Од Општина Битола информираат дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на улица „Довлеџик“ и затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата, односно за влез во градот ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27, 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на улицата „Довлеџик“ со улицата Големо Езеро до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27 мај до 08.00 часот во понеделник 30 мај. Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата, информираа од Општина Битола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.