Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Нутро во долниот тек на повардарието ќе има услови за краткотрајна ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степен.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степен.

До понеделник дневните температури ќе бидат релативно високи, освен во сабота кога во северните делови ќе биде малку посвежо и ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни, со засилен најпрвин јужен ветер, а потоа со северен ветер кој ќе дува неколку дена и кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.