Утре во Битола од 6 часот наутро до 18 часот попладнето СВР Битола ќе преземе посебен сообраќан режим, соопштија од битолската полиција.

Посебниот сообраќаен режим ќе се спроведе заради потребниот протокол на високи делегации кои ќe престојуваат во Битола, пoсочуваат од СВР Битола.

Утре на „Булевар 1 Мај“ на зоните Б1 и Б2 на потегот од местото викано „Црн мост“ до Безистен, СВР Битола ќе преземе посебен сообраќаен режим и притоа паркирањето на автомобили во периодот од 06:00 до 18:00 часот нема да биде дозволено. Сообраќајниот режим се спроведува заради потребите на протокол на високи делегации кои ќе бидат во официјална посета на општината, информираа од СВР Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.