Времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот, ќе се воспостави од понеделник, 18 септември, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Сообраќајот, како што е наведено во соопштението од ЈПДП, ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата и ќе има соодветна светлосна сигнализација.
ЈПДП апелира да се почитува времениот режим и поставената сообраќајна сигнализација за да не се доведуваат во опасност учесниците на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.