Времето денеска е претежно сончево и потопло со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ-индексот е 9.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот наместа ќе има зголемена облачност.
В сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а в недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на температурата особено во северните делови.
Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.