Од денес, па во текот на новата седмица која што ни следува времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат повисоки за разлика од оние кои ги имавме вчера, и истите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, најавува Славчо Попоски.

Во Скопје и околината од денес, па во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 30 степени.

Според најновите анализи со кој Попоски располага, веднаш после 15 јули нашата територија ќе биде зафатена од нов бран на многу топла воздушна маса од Африка и од многу високи температури на воздухот. Температурите веднаш по 15 јули на многу места ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите ќе се искачуваат и до 40 степени. Ув – индекост повторно ќе има екстремно висока вредност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.