Силно невреме во повеќе градови во земјава. Обилни врнежи од дожд, но и град беа регистрани во Битола, Охрид и Прилеп.
Врнеше град со големина и до 30 милиметри. Невремето беше проследено и со ветер и грмежи.
Нестабилно време има и вечерва, особено во планинските региони на западот и во делови од Скопската котлина и Пелагонија. Синоптичарите најавуваат дека дожд грмежи и ветер се очекуваат и во текот на утрешниот ден.
Предупредување и од АМСМ за внимателност особено на патиштата каде има опасност од одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.