Од утре времето ќе биде променливо и посвежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Како што најавува УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.
И во Скопје ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Утре минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 33. Останатите денови од неделата дневните темпратури ќе бидат во интервал од 23 до 32 степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.