По невремето што го зафати Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информираат од општината.

Обилниот дожд предизвикал големи оштетувања на колекторот каде што се работи веќе некое време, кај мостот на Северен булевар. Се известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем да се јават во Кол Центарот на Општина Кавадарци на бројот 13 300.

Граѓаните да бидат внимателни и да не сообраќаат поради непроодност на патот кон селата Раец, Фариш и кон Прилеп, односно кај мотел Дреново.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.