Зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин „Табановце“ за влез во Македонија, покажуваат камерите од српска страна.

И камерите од македонска страна на преминот „Богородица“ потврдуваат дека се долги колоните на возила чија дестинација е Грција.

Од АМСМ рано утрово информираа дека на „Табановце“ за излез и за влез во државава има зголемена фреквенција на возила. Нема информација за тоа колку време се чека на „Табановце“ и „Богородица“. На останатите гранични премини нема подолги задржувања, велат од АМСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.