Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени слаби врнежи, кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.