Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици. Од нив, како што соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) „реални“ повици биле 935 или 54,61 проценти, а 777, односно 45,39 проценти биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 180 повици, односно 60,81 проценти од вкупно примените повици, кон итната медицинска помош 94 или 31,76 проценти, кон пожарникарите 18 повици или 6,08 проценти и кон ЦУК четири повици или 1,35 процент. Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

– Во текот на вчерашниот ден во РЦУК Тетово добиена е дојава за пронајдени две неексплодирани убојни средства (НУС), пред с.Ѓермо, во шумскиот дел од Шар Планина. За ова, од страна на РЦУК Тетово известени се ПС Тетово и ДЗС – подрачна единица Тетово. Местото на пронајдените НУС е обезбедено од страна на полицијата се до нивно соодветно отстранување, се наведува во соопштението.

Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп).

ЦУК информира дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.