Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури се движат во интервал од три до девет, а максималните од 10 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури се спуштија до седум, а максималните ќе достигнат до 15 степени Целзиусови.

До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.