Времето утре ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.

Во западните делови повремено ќе биде значително облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови, соопшти УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.