Од петок Балканот ќе биде погоден од снежна бомба и многу длабок циклон кој со продорот на студениот воздух од север ќе се формира над Јадранот (во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе биде неверојатно низок за нашите краишта, и тоа дури 978 htp – хектопаскали во превод.
Со ова во целиот регион, како и во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите), и ќе владее прекрасна снежна бајка. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен правец и голем пад на температурите на воздухот.
Викендот кој доаѓа ќе биде многу студен и снежен.
Попоски напоменува дека промена на метеоролошките модели сѐ уште е можна, па затоа ги советува граѓаните да ги следат неговите анализи. Сѐ на сѐ, се повеќе и повеќе растат шансите од петок Балканот и Македонија да бидат зафатени од снежна бомба од Арктикот (Снежен циклон).
Од оваа акртичка бомба ќе биде зафатена цела Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.