Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до средината на оваа седмица насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.