Ако сте некој есенски тип, тогаш септември ќе биде вашиот месец. Според најавите и прогнозираните температури, десеттиот месец од годината ќе ни донесе есен во вистинска смисла на зборот.
Првата недела од месецот кој почнува утре ќе биде нешто слично на она што го имавме во изминатите неколку дена, со малку пониски температури. Особено посвежо ќе биде наутро кога ќе имаме температури кои се околу 3 до 5 степени кои ќе растат до крајот на неделата кога ќе достигнуваат и 14 степени. До четврток се очекува стабилно и прилично топло време а од петок и за време на првиот викенд може да се очекуваат врнежи од дожд.
Втората недела од октомври ќе донесе разведрување и стабилно време. Не се очекуваат дождови а температурите треба да бидат стабилни на околу 10 степени утринските и близу 25 дневните.
Во третата недела доаѓа намалувањето на температурите. Особено кон средината и на крајот веќе утринските ќе бидат под 5 степени а максималните ретко над 20. Се очекува променливо време кое во одредени денови ќе услови и врнежи од дожд.
Во четвртата недела од октомври температурите треба дополнително да се намалат. Наутро ќе биде прилично студено со температури кои ќе се доближуваат до нулата а дневните ќе паднат и на максимални 13 степени. Во оваа недела од октомври, поточно на 26 кон 27 ноќта почнува и зимското сметање на времето кога стрелките на часовникот се враќаат еден час назад што значи дека и порано ќе почне да се стемнува.
Последната недела од октомври ќе донесе релативно стабилно време. Температурите ќе се движат околу нулата наутро а максималните дневни до 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.