Февруари е посебен месец, краток, колеблив и неодлучен, а во народот е познат под прекарот „сечко“, месец на мразовите. Постојат многу народни верувања за овој месец.

Старите го толкувале времето според случувањата во природата, затоа и според стариот календар се велело дека ако февруарското сонце ги измами мувите, март ќе ги подави.

Старите велат дека подобро е во февруари да се видат гладни полиња отколку в поле човек во кошула.

Ако мачка се сонча на февруарско сонце, во март ќе биде зад печка.

Ако на Св. Јевтимиј процвета цвеќе, на Цветници ќе замрзне.

Ако на Св. Трифун заврне, сливата ќе роди таа година.

Ако на Прочка е сончево, во март ќе снежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.