Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и до 100 метри на патниот правец Прилеп – Македонски Брод – Кичево, информираат утрово од ЈП Македонијапат.

По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат од екипите на ЈП Македонијапат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.