Утрово најниска температура од -2 степени Целзиусови е измерена во Битола, Демир Капија и во Лазарополе. Следат Попова Шапка и Маврови Анови со -1, 0 во Скопје-Петровец и Прилеп, 1 Крушево, 2 Берово, Претор и Крива Паланка, 3 Виница, Струмица, Охрид, и Тетово, 4 во Штип и Скопје-Зајчев Рид и 8 степени во Гевгелија.

Утринава во западните и источните делови има значителна облачност. Во Пелагонија има појава на магла со намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри, а слаба магла има во Скопската Котлината и во Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по одделни котлини и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и магливо со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.