Утрово најстудено е во Берово со – 4 степени целзиусови, додека во Охрид е најтопло со измерени 6 степени, соопшти УХМР.

До 07.30 часот се измерени -1 степен во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2). Четири во Попова Шапка, 3 Дебар, 2 Крива Паланка, Виница, Лазарополе, 1 Тетово, Маврови Анови, Штип, Струмица и Крушево.

Во 7 часот висината на снежната покривка е 5 сантиметри во Маврови Анови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.