УХМР соопшти дека изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Претор, осум литри на метар квадратен, а најмалку во Дојран, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија, Скопје – З.Рид, Тетово и Пожаране, еден литар на метар квадратен.

До 8 часот утрово се измерени и 5 литри на метар квадратен во Крушево, 4 во Ѓуриште, 3 на Попова Шапка, во Дебар и Прилеп, како и два во Битола, Маврови Анови и Лазарополе Најстудено до осум часот утрово било на Попова Шапка, шест степени, а максимални 14 се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Дојран и Гевгелија.

Температурата изнесувала осум степени во Лазарополе и Маврови Анови, 9 во Крушево, 10 во Берово и Крива Паланка, 11 во Претор, 12 во Куманово, Виница, Струмица, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола и Штип, како и 13 во Дебар, Скопје-Петровец и Демир Капија.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Скопје облачно со повремен дожд, пообилен попладне и во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.