Зголемувањето на утринските и на дневните температури кое се прогнозира за оваа недела, од -2 до 5 и од 3 до 15 степени, не претставува закана за предвремено потерување на овошките.

Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се уште им годат на земјоделските култури во услови на презимување.

Останува и препораката, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да почнат или да продолжат со кроење на виновата лоза и овошките зашто операцијата е обемна, а битно е да се заврши навреме.

Снежната покривка на планините влева надеж за полнење на акумулациите кои се на многу ниско ниво, но ваквата снежна покривка се уште не е доволна, оценуваат агрометеоролозите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.