Најстудено утринава е во Берово, Маврови Анови, Битола, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, каде во 7 часот се измерени минус 6 степени целзиусови, а најтопло во Дојран со температура од 6 и Гевгелија од 8 степени Целзиусови.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 37 сантиметри, а снежна покривка од 15 сантиметри има во Маврови Анови, додека во Крушево има 11 сантиметри снег.
Утринава времето е ведро и со слаб ветер освен во Штипско и на Ѓуриште каде што дува умерен западен ветер. Појава на магла има во Дебар.
Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.