Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, по што следува Маврови Анови каде има девет сантиметри.

Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус два степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус еден степен. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.

Како што информира УХМР, во ноќните часови времето беше претежно ведро или со мала облачност. Утрово во поголем дел од земјава е сончево со мала облачност, но по одделни котлини има појава на магла.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.