Енормните гужви на граничните премини им создава притисок и на вработените кои мора да бидат сконцентрирани цело време да не направат некоја грешка. Но грешки при брзање се случуваат.

На Фејсбук групата Grcka info, Андреа Петров која влегла во Македонија напиша дека и бил даден пасош на дете кое не е нејзино.

Само што ја поминавме границата, влеговме во Македонија. По грешка ни вратиле туѓ пасош на дете, на име Јован Добричич, 2013 година. Ѕвоневме на преминот, никој не се јави, ве молам ако некој го познава семејството да се јави, се вели во објавата.

Набрзо потоа, откако грешката ја увиделе на граничниот премин им се јавиле и пасошот е вратен на детeто на кое му припаѓа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.