На граничните премини „ Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час, информираат попладнево од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, се наведува во соопштението.

Од денеска до 22 овој месец поради асфалтирање од 8 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.