Најстудено, со 4 степени под нула, утрово е на Попова Шапка, а минусни температури во 7 часот се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Дебар (-1).

Како што информира УХМР, нула степени се измерени во Крушево и Берово, 1 степен во Охрид и Претор, 2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и  Прилеп, 3 степени во  Скопје – Петровец, Штип, Куманово и Виница, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, 7 степени во Гевгелија и 8 во Дојран.

Најмногу снег, 30 сантиметри, утрово има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 9 во Пожаране и 2  сантиметра во Ѓуриште.

Времето утрово е претежно облачно, со  слаб локален дожд. Прeтпладне ќе биде облачно со локален слаб дожд, попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со услови за повремен слаб дожд, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 9 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.