Изминатиот месец јули беше еден од најтоплите што било кога се забележани откако се води статистика, соопшти денеска Светската метеоролошка организација, специјализираната агенција на ОН со седиште во Женева.
Можеме да кажеме дека овогодинешниот јули е еден од трите најтопли досега забележани, со интензивен и долготраен топлотен бран што зафати многу делови од Европа, изјави портпаролката на организацијата Клер Нулис.
На прес-конференцијата е соопштено дека јули оваа година бил незначително постуден само од оној пред две години, но и за нијанса потопол од 2016.
Но, температурната разлика меѓу тие три месеци беше навистина многу мала, рече Нулис.
На глобално ниво, температурата забележана изминатиот месец е за 0,4 степени Целзиусови повисока од референтната за периодот од 1991 до 2020 година, и тоа во услови кога поради природниот феномен Ла Ниња се очекуваше „ефект на ладење“.
Минатиот месец Светската метеоролошка организација ги повика светските лидери да се „разбудат“, со предупредување дека Европа минува низ низа невообичаени топлотни бранови кои поради климатските промени ќе зачестуваат и ќе се случуваат континуирано барем до 2060 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.