Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје умерено облачно со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, особено во недела. По одделни котлини ќе се задржи умерено облачно и магливо со пониски дневни температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.