Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Ер Србија“ и летот до Фридрихсхафен на „Визер“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Визер“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Визер“, пак, бил пренасочен кон Софија.

Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.