Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло со краткотрајна нестабилност кон крајот на денот во југозападните делови. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 степени, а дневните од 21 до 31 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град, информираат од УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.