Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и малку потопло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде в сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.