За големиот македонски празник Илинден и продолжениот викенд кој е пред нас ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време, прогнозира Славчо Попоски. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.
Во Скопје и околината исто така за големиот празник ќе имаме стабилно, суво и многу топло време, максималната температура во Скопската котлина ќе се искачи до околу 40 степени.
Мала дестабилизација на времето ќе има во сабота попладне, кога ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе продолжи многу високиот УВ индекс кој ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.