Во следните три дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува ветер од северен правец.

Според синоптичарите повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува.

За во вторник пак ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот за сите три дена ќе биде 8. Минималните температури ќе се движат до 20-от степен, а максималните до 35 степени.

Денес во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.