Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, со прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од Карпош и Ѓорче Петров.

Во период од 9.40 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Атинска“, „Борка Талевски“ и „Рузвелтова, спроти „Треска“, во Општина Карпош.

Од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат и корисниците од село  Волково кон патот до црквата во Ѓорче Петров.

ЈП Водовод и канализација – Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.

Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од ф 80мм на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и ќе трае до неговото отстранување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.