Регионалниот центар за управување со кризи, Скопје, по добиените информации од ЕВН Македонија, известува за планирани пркеини на електричната енергија, во текот на утрешниот ден (28.09.2022), на следните локации:
-Во периодот од 08.30 до 14.30 часот, струја ќе немаат корисниците од средно Водно, врв Водно, Горно Нерези и Крушопек (КЕЦ Скопје Ѓорче Петров)
– Во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на Припор: ул. Христо Татарчев 23 (КЕЦ Скопје Аеродром).
– Во периодот од 8 до 12 часот, корисниците на Скопје – Центар: Дел од ул.Загребска.
– Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците на Горно Соње, дел од место викано Под Брег (КЕЦ Скопје Аеродром).
Од ЈП Водовод и канализација, пак, известуваат за прекини во водоснабдувањето исто така во текот на утрешниот ден (28.09.22, среда), по следниот редослед:
-Поради одстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-175 мм, на ул. Крсте Мисирков бр. 9, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Чаирска, дел од ул. Отокар Кершовани и дел од комплексот „ УКИМ“, односно Економскиот Факултет и Ректоратот. (Општина Чаир).
-Поради уличен дефект на Георги Димитров 66, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и ул.14-ти Декември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
-Поради уличен дефект ф-6/4 на Преспанска 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.