Од УХМР известуваат дека во вечерните часови има нестабилност проследена со грмежи и пороен дожд имаше претежно во централните делови и на исток, а движењето е претежно кон исток и североисток.
Во моментов дел од нестабилната облачна маса од која има грмежи и услови за пороен дожд се движи преку Велешко и преку јужните делови од скопско, а ќе премине во кумановско и светиниколско. Втор дел со поширока нестабилност ја преминува Плачковица и ќе ги зафати Малешевијата и крајниот исток.
Оваа нестабилност ќе се одржува во првиот дел од ноќта и потоа ќе ослабе, а ќе се премести сосема на исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.