Денеска повторно не очекува прoменливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Се најавува дека ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Согласно најавите на УХМР, и во понеделник не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, и со услови за град.
Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација.
Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.