Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови ќе следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку ден ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од сабота температурите ќе бидат во пораст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.