Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.

Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар.

Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот, велат од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.