Невреме со врнежи од град ја зафати синоќа Демир Капија. Допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија.

Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен, нагласија од Општината, додавајќи дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.

Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.