Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за предизвикани штети.
Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
Невреме се очекува и во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.