Корисници од улиците „Павел Шатев“ и „Трета македонска бригада“, старата амбуланта „Пролет“, како и дел од улица „Козле“, денеска ќе имаат прекинато водоснабдување, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот ќе биде поради промена на затворач ф50мм на ул. „Павел Шатев“ бр. 10, односно поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Трета македонска бригада“ и ќе трае од 9 часот до завршување на интервнециите. На улицата „Козле“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од броевите 1 до 55.

Центарот за управување со кризи, пак, по добиени информации од ЕВН, најави прекин на електрична енергија на дел од улицата „Францe Прешерн“ поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа. Прекинот ќе трае од 11 до 15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.