Во Берово утрово е најстудено, нула степени, а во Дојран се измерени максимални десет степени.

Според УХМР, два степена е во Лазарополе, 3 во Битола, 4 во Маврови Анови, Тетово и Струмица, 5 во Крива Паланка, 6 во Прилеп, Штип, Демир Капија, Скопје-Петровец и Попова Шапка, 7 во Претор, Дебар, Крушево, Охрид, Гевгелија и Куманово, 8 во Скопје-Зајчев Рид, како и 9 степени во Виница.

Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со мала облачност и температура до 24 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.