Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.

Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме:

И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.