Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено попладне. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе бид во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени Целзиусови.

По денешното преодно наоблачување, следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите. Значително потопло ќе биде во недела и на почетокот од следната седмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.