Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

Минималната температурае во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени Целзиусови.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.