МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што полициските службеници ќе ги издаваат на посочените сообраќајници на кои утринава ќе се одржува протестот
Од 9:00 часот утринава, во центарот на Скопје ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул. ’Мирче Ацев’ – ССМ, ул. ’Филип Втори Македонски’, десно по ул. ’Димитрие Чуповски’ пред Министерство за правда, десно по бул. ’ВМРО’ и лево по бул. ’Илинден’ пред Владата на Република Македонија, посочуваат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што полициските службеници ќе ги издаваат на посочените сообраќајници на кои утринава ќе се одржува протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.