Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата. Поради разведрувањето минималните температури во првите два дена од следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нула.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.